Македонија
1. September 2017 - 9:16

Премиерот Заев на средба со жители на Арачиново по повод Курбан Бајрам

Премиерот Зоран Заев денеска по повод верскиот празник Курбан Бајрам ќе ја посети општина Арачиново. 

За време на посетата премиерот Заев ќе се сретне и ќе разговара со жителите на Арачиново.

Утринава, по повод празникот претседателот на македонската Влада присуствуваше и на утринската молитва во Мустафа-пашината џамија