Loading Video...
Свет
26. May 2025 - 12:18

Преглед на вестите од светот

Продолжуваат нападите на Русија врз украинските градови

Најмалку 12 лица загинаа, а 60 се повредени во напади со руски беспилотни летала и ракети низ Украина, соопштија регионалните власти и службите за итни случаи. Меѓу загинатите има три деца во Житомир и еден маж на околу седумдесет години во јужниот град Миколаев. Зеленски ги повика САД да извршат притисок врз Русија. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта противвоздушната одбрана соборила вкупно 110 украински беспилотни летала над неколку региони низ земјата.

Трамп: Путин целосно полуде, нападите врз Украина ќе ја уништат Русија

„Ракети и дронови се истрелуваат врз градови во Украина, без никаква причина“, рече Трамп. „Секогаш сум велел дека тој (Путин) ја сака ЦЕЛА Украина, не само дел од неа, и можеби тоа се покажува како точно, но ако го направи тоа, тоа ќе доведе до пропаст на Русија!“ Отсекогаш сум имал многу добри односи со Владимир Путин од Русија, но нешто му се случи. Тој полудел целосно! Убива толку многу луѓе непотребно, а не зборувам само за војници.

Каја Калас повика на „најсилен меѓународен притисок“ врз Москва

Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, повика на „најсилен меѓународен притисок“ врз Русија, по последниот руски воздушен напад врз Украина.

- Ужасно е да се видат деца меѓу невините убиени и ранети. Ни треба најсилен меѓународен притисок врз Русија за да ја запре оваа војна, објави Калас на платфорката Икс.

Во израелски напад загинаа најмалку 20 лица, меѓу нив и деца

Во израелски напад рано утрово врз училиште во кое се сместени раселените луѓе во Газа загинаа најмалку 20 лица, а десетици беа повредени. Медицинските лица изјавија дека меѓу десетиците жртви во нападот врз училиштето, во населбата Дарај во градот Газа, има жени и деца. Некои од телата биле тешко изгорени. 

Премиерот Бенјамин Нетанјаху минатата недела рече дека Израел ќе ја контролира цела Газа. Израел ја презеде контролата врз околу 77 отсто од енклавата или преку своите копнени сили или наредби за евакуација и бомбардирање што ги држи жителите подалеку од нивните домови, соопшти канцеларијата за медиуми на Газа. Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека двајца од неговите вработени - биле убиени во напад на куќа во Кан Јунис во саботата.