Македонија
9. November 2017 - 13:54

Прегазен пешак во Прилеп, почина во болница

Вчера околу 18,30 часот во с.Дебреште-Прилеп, се случила сообраќајна незгода во која И.А.(51) од с.Дебреште, управувајќи возило „Голф“ со прилепски регистарски ознаки, удрил во пешакот А.М.(80) од с.Дебреште. 

А.М кој се здобил со тешки телесни повреди е пренесен во Медицински центар-Прилеп, каде во 22,00 часот починал.

Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициска станица-Прилеп.