Свет
29. May 2020 - 21:20

Предупредување од докторите: По Ковид-19 доаѓа полошо нешто

За ваквиот систем на пренесување се поврзува и легионелоза – бактериска инфекција која што доведува до пневмонија.

Затворените системи за вода во внатрешноста на компаниите, училиштата, фабриките, зградите и другите јавни институции, станаа идеално место за развој на многубројни микроорганизми.

Легионарската болест привлекува најголемо внимание, затоа што како и Ковид-19 и таа ги напаѓа белите дробови.

Централизиран систем за ладење, вентилација и кондензирање на воздухот се разгледувани во случајот на пандемијата Ковид-19 на големите крузери, но овие системи можат да бидат патека за пренесување и предизвикување на туберкулоза, мали сипаници или пак грип.

За овој систем на пренесување поврзана е и легионелоза, бактериска инфекција која доведува до пневмонија.

Хидромасажни кади, фонтани, системи за прскање вода...

„Овие системи, можеби се најдиректно во контакт со луѓето, но опасноста доаѓа и од хидромасажните кади, фонтани, системи за прскање вода и многубројни други работи кои што се наоѓаат во работните згради“ – вели професорот д-р Горан Белојевиќ од Институтот за хигиена и медицинска екологија при медицинскиот факултет во Белград.

Сите системи кои што се затворени три месеци се идеално место за вируси.

Доколку подолг период овие системи не се користат, тогаш создаваат идеални услови во водата да се создаде биофилм од амеби, бактерии или пак вируси. Поради вонредната состојба таков е случајот во соседна Србија.

„Доколку системот не е исчистен, тогаш ништо не треба да допирате“ – истакнува професорот.

Секоја комерцијална зграда која што била празна подолго од три седмици, претставува ризик за избивање на легинарска болест.