Предметот „Моќник“ застаре, почна примената на измените во Кривичниот законик
Измените на кривичниот законик го застареа предметот „Моќник“. Пратеникот Антонио Милошоски, неговиот татко и уште 11мина се спасија од одговорност за злоупотреба на службената положба при продажба на објект во сопственост на општина Македонски брод. На денешното судење, обвинителството согласно измените во кривичниот законик, го променило обвинението кое резултирано со целосно ослободување на 10 лица.
„Судот, постапувајќи по предлогот на јавниот обвинител и согласно одредбите на КЗ, донесе решенија со кои за обвинетите постапката се запира заради застареност, додека за тројца од обвинетите, судењето за кривично дело измама, продолжува на следната расправа насрочена за 09.11.2023“, се вели во соопштението на Основен кривичен суд.
На судењето закажано за идниот месец, на обвинителна клупа ќе седнат само Милошоски, неговиот татко и уште едно лице, кои сега ќе се гонат само за измама. За нив и уште 10мината, запре постапката за кривично гонење во која одговараа за злоупотреба на службената положба.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Милевски: Потфрливме комплетно, не бевме на потребното ниво
-

По осум месеци од пожарот започнува судењето за несреќата во „Пулс“, 63 жртви, 38 обвинети
-

Во Собранието интервјуа на уште петмина кандидати за претседател на ДКСК
-

И Сенатот изгласа објавување на досиејата на Епштајн
-

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Белгиски пратеник говори веќе 26 часа во обид да блокира усвојување на Предлог-закон
-

Средба на кинескиот премиер Ли Чијанг со Путин во Москва
-

Без струја делови од Шуто Оризари, Кисела Вода и Кондово
