Празникот Голема Богородица го одбележаа Македонците во Мала Преспа
Во селото Церје, Македонците од Мала Преспа, по традиција негувана со векови, го одбележаа празникот Успение на Пресвета Богородица.
Иако поголемиот број жители од Церје се иселени сепак за нив и нивните поколенија важи изреката каде и да се за овој голем празник во Церје да се. Секако заедно со нив и жители од повеќе села на Мала Преспа.
По боголсужбата, што во црквата „Успение на Пресвета Богордица“, ја одржана отец Ропи Арѓири, одбележувањето продолжи со македонски песни и ора и скромна закуска во црковниот двор.
- Секоја година доаѓам со фамилијата за прослава на овој голем ден кој е селска слава. Поради лошите, речиси никакви услови за живот, повеќето од некогашните жители на селото се иселивме во други градови во Албанија, пред се во Корча, во Македонија и Грција, но секогаш за овој празник сме тука, да се сретнеме,да се видиме и да се потсетиме на спомените од времето кога селото беше преполно од народ, вели Вангел Плоча, кого маката го натерала да замине за подобар живот во Грција и живее во Лерин.
Присутните посакаа здравје, среќа и бериќет, а од Мајката Божја „да ги чува и штити од секакво зло Македонците каде и да се“.
По повод празникот, честитка до Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Албанија,во Македонија и насекаде во светот упати македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и разгранокот за Голо Брдо.
-Со силата на светото име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов и благодет кои ќе донесат мир во нашите семејства и во целиот свет, стои меѓу другото во честитката.
Голем број македонски семејства низ Албанија Денот го одбележуваат како домашна слава.
Ново на Сител
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
-

Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
