-->
-->
Познато дали Агинагалде ќе игра против Македонија
-->
Пивотот на репрезентацијата на Шпанија, Хулен Агинагалде и понатаму е на листата на повредени ракометари, но се очекува да се најде меѓу играчите коишто ќе бидат пријавени за првиот меч од втората рунда на кој Шпанците играат против Македонија.
Информациите до кои доаѓа 24 Ракомет велат дека Шпанците ќе успеат да го оспособат Агинагалде за настап и со него ќе тргнат во поход на полуфинале на овој шампионат, а дали ќе бидат во право со тактизирањето со него ќе се види утревечер.
После одличните игри на Македонија во првиот круг, Шпанците стравуваат и им е потребна помошта од сите ракометари коишто се во ростерот така што нема да има поштеда ниту за оние што се жалат на повреда.
Пивотот на Кјелце се повреди уште на стартот на шампионатот и не беше во можност да им помогне на колегите за дуелот против Данска на кој Шпанците претрпеа пораз.
Агинагалде е еден од најдобрите три пикери во светот во моментов и играч кој со своето искуство знае да направи разлика на теренот и во одбрана и во напад.
Натпреварот се игра утре од 20:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови