Пожар во бегалски камп во Бугарија
Околу 270 лица сместени во Центарот за прием на бегалци во бугарскиот град Харманли беа авакуирани минатата ноќ поради пожар во објектот, соопшти локалната полиција.
Како што јави БТА, пожарот избувнал околу 30 минути по полноќ по локално време (23.30 часот по средноевропско време) во просторија која била користена како складиште.
При пожарот нема жртви, но се уништени 10 душеци, 15 метри од електричната инсталација и 50 метри квадратни од објектот.
- Причините за пожарот се утврдуваат. Истрагата е во тек. Во оваа фаза се уште не можеме со сигурност да заклучиме што го предизвикало огнот, изјави инспекторот од полициската управа во Хасково, Пламен Петков.
Бегалците биле на време евакуирани од просториите во кои престојувале и сега се времено префрлени на безбедно место.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници