Повторно сама: Ријана раскина со своето момче поради оваа неверојатна причина!

Убавата пејачка од Барбадос беше во љубовна врска со Хасан Џамал, богатиот бизнисмен од Саудиска Арабија. Иако сите им предвидуваа светла иднина, за жал тоа не се случи.
Имено, Ријана решила да стави точка на повеќемесечната романса, а како причина за тоа ја истакнала здодевноста.
- Ријана и Хасан беа заедно некое време. Тоа беше добра врска, но сега е готово. Секако, Ријана му го скрши срцето. Нема никаква позадина на раскинувањето, не се караа, само на Ријана и здодеа да биде во врска со него. Понекогаш мажите едноставно и здосадуваат, изјавил близок извор на пејачката.
Иако изгледаше дека популарната пејачка се скраси покрај своето момче, таа уште еднаш шокираше со својата постапка, па ни останува да почекаме и да видиме кој ќе биде мажот кој ќе ја задржи покрај себе засекогаш.
Ново на Сител
-

За разликите меѓу ковид и настинката
-

„Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите
-

Кавадарци: Со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради имот
-

Јапонија и САД потпишаа договор за ретки минерали
-

Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар
-

Истражување: Повеќето жени во Германија се чуствуваат небезбедни на јавни места
-

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција
-

Скопје домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14)
