-->
-->
Повторно масовни протести во Хонг Конг
-->
Десетици илјадници продемократски демонстранти повторно се собраа денеска во центарот на Хонгконг, барајќи поддршка од меѓународната заедница, посебно од САД.
– Упатуваме итен повик до меѓународната заедница да нè поддржи, нема друго решение, повика 24-годишната студентка Чун, учесничка на собирот кој имаше дозвола од полицијата.
Демонстрантите побараа од американските законодавци да донесат закон со кој ќе се дозволат санкции за кинеските лидери.
„Законот за човекови права и демократија во Хонг Конг“, кој се очекува оваа недела да го изгласаат американските конгресмени, предвидува годишна проценка на посебниот статус кој САД му го дава на Хонгконг во однос на трговијата, а би можел да вклучи и санкции за кинески функционери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска на средба со папата во Ватикан
-
Судот му го одзема пасошот на Мемети
-
Оскар на хуманост од Црвениот Крст за Сител Телевизија
-
Врнежите од дожд не се добредојдени за пчеларството во Македонија
-
Преглед на вести од светот
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата