Повик од Европските Зелени за почеток на преговорите со Македонија
Европратеничката од групата на Зелените во Европскиот парламент, Тинеке Стрик, ја искористи дебатата со португалскиот премиер да побара да се изврши притисок врз Бугарија за повлекување на ветото за преговори со Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.
На денешната пленарна дебата на Европскиот Парламент со португалскиот премиер, Антонио Коста, целосно изостана темата за проширувањето и преговорите со Македонија и Албанија.
Португалија претседава со ЕУ од први јануари до 30 јуни оваа година. Премиерот Коста утрово ги изложи приоритетите на неговата земја за следните шест месеци, но не го спомена проширувањето.
Пратеничката Тинеке Стрик меѓутоа побара експресно од Коста да изврши притисок врз Бугарија.
-Наметнавме услови кои Македонија направи сѐ за да ги исполни сите, но една земја блокира, итно барам од вас да извршите притисок врз Бугарија да го повлече ветото и да се врати кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан, изјави Стрик.
Ново на Сител
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа