Повеќе здравствено осигурени отколку попишано население во државата
Повеќе здравствени осигуреници отколку што има жители во државата. Здравствено осигурување добиваат 1 839 537 лица за разлика од 1 836 713 што се водат како резидентно население на пописот во 2021 година. Според инфорамциите од Фондот за здравствено осигурување, цели семејства кои иако се иселени во странство, еден месец во годината доаѓаат и користат здравствени услуги бидејќи се водат како невработени и имаат осугурвање преку програми. Од Фондот бараат промени кои треба да ги регулираат овие несовпаѓања на бројките.
-Покренавме иницијатива пред Влада да се преиспитаат критериумите и начинот на пријавување и ова е интерсекторска работа која ќе потрае бидејќи знаеме дека според последниот попис има помалку жители отколку што во моментот имаме здравствено осигурани. Најмногу станува збор за македонски граѓани кои живеат во странство ама не се одјавиле во Македонија и користат здравствено по еден или друг основ, вели Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување.
Освен проблемот со повеќе осигуреници од жители, во земјата има и многу боледувања и тоа најмногу во јавниот сектор. Бројките од Фондот покажуваат 40 боледувања на 1000 вработени што е двојно повеќе од очекуваната проекција. Ќе бараат законски измени за на боледување да одат оние кои навистина треба бидејќи сега има дијагнози со кои лесно пациентот оди на домашно лекување наместо на работа.
-Ние во здравството имаме клиники каде 20 проценти од вработентие се на боледување. Имаме посебен проблем со боледувањата во полицијата, царината и одбраната и во основа ние физички не можеме да одгвориме на барањата за контрола на боледувањата, вели Клековски.
Двајцата директори на Фондот за здравствтво презентираа што направиле за една година на функциите. Подобар пристап до лекови и повеќе усуги во здравствените установи ги означија како едни од приторитете.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар