Поведена постапка против лицето кое по тешка кражба влезе во водите на Вардар
Јавното обвинителство поведе постапка против лицето кое пред три дена по извршена тешка кражба се обиде да побегне влегувајќи во водите на Вардар, но беше престигнат и совладан од полициска службеничка. Тој кражбата ја извршил така што од вратот на едно женско лице откинал златен ланец. Претходно тој кражба на ист начин извршил и на 25 мај.
-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице, 44-годишен жител на Скопје за сторено кривично дело – тешка кражба. Тој кражбите ги вршел така што им ги кинел накитот. Осомничениот на 25 мај и на 5 јули извршил две тешки кражби на дрзок начин, одземајќи накит од сега оштетените, додека тие се движеле по улица. Откако ќе ги забележал жртвите, започнувал со следење се додека не се увери дека во нивна близина нема други лица. Во тој момент осомничениот се доближувал и од вратот на оштетените го кинел и одземал накитот – златни ланчиња. Во вршењето на кривичното дело на 25 мај учествувало уште едно, засега непознато лице, соопштија од ЈОРМ.
По втората тешка кражба извршена околу 17:30 часот, осомничениот бил забележан од случајни минувачи, започнал да бега по што навлегол во водите на реката Вардар, но бил престигнат и совладан од страна на полициски службеник.
Основното јавно обвинителство Скопје ценело дека се исполнети законските основи, па до надлежниот суд достави предлог на осомничениот да му се определи мерка притвор.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o