ОН: Постои голем ризик од ескалација на конфликтот во источна Украина
Постои голема опасност од ескалација на конфликтот во источна Украина, изјави денеска помошникот генерален секретар на Обединетите нации за човекови права, Иван Шимонович.
Тој го претстави последниот извештај за човековите права и слободи во Украина пред Советот за ОН за човекови права.
- Конфликтот повторно преминува во фазата на ескалација, нагласува Шимонович, кој ја посети Украина на крајот на мај и почетокот на јуни.
- Од 15 мај половина од жртвите меѓу цивилното население загинале во напади со минофрлачи и топови. Тоа се видови оружје, чие користење во зоната на конфликтот е забрането со Минската спогодба, додаде тој.
Шимонович нагласи дека од почетокот на конфликтот во источна Украина се убиени 9.449 луѓе, а 21.843 се ранети. Тој додаде дека околу две илјади од убиените се цивили.
Шимонович нагласи дека од 1 септември минатата година, кога беше објавен прекин на огнот, бројот на жртвите меѓу цивилното население значително е намален.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје