Поставен камен-темелник на црквата „Свети Кузман и Дамјан“ во Штип
Во кругот на Клиничката болница-Штип денеска беше поставен камен-темелник на црквата „Свети Кузман и Дамјан“.
Малата црква посветена на двајцата браќа лекари се гради со помош на донација од семејството Розенгрен од Шведска, кое пред неколку месеци донираше медицински апарти и опрема за болницата.
Според Томас Розенгрен од НВО „Хенд Хил Хенд“, во Шведска секоја голема болница има црква.
- Нашата организација работи само со донации и тоа помош за Македонија. Последниот пат кога бевме тука со директорот и со владиката Иларион дискутиравме дека овде во болницата нема црква. Тогаш почнавме да размислуваме како да ја изградиме, рече Розенгрен.
Тој најави дека за десетина дена треба да пристигне и уште една донација во опрема и апарати за штипската Клиничка болница.
Директорката на Клчиничка болница-Штип Елизабета Папарова на донаторите се заболагодари, кои што ја градаат малата црква.
Митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион заедно со свештеници од Брегалничката епархија го освети камен темелникот на црквата, најавувајќи дека наредната година ќе биде осветена црквата во кругот на болницата.
Ново на Сител
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал