Поради нејзината трагична судбина Дино Мерлин ја отпеа најтажната љубовна песна
Емка Хусеинбеговиќ била сопруга на пејачот и текстописец Елдин Хусеинбеговиќ.
Тие двајцата биле убава и среќна двојка. Емка имала семејство, маж кој ја сака, убавина каква што ретко се сретнува, а потоа следувала злокобната вест - се разболела од мултиплекс склероза.
Иако со оваа тешка болест некои можат да доживеат длабока старост, Емка не можела долго да се бори со болеста.
Љубовта и посветеноста кон сопругата на Елдин му беа мотив да напише некои од своите најубави песни. Една од нив „Да шутиш“ ја отпеа Дино Мерлин.
-На личноста која најмногу ја сакам не можам да и подарам чевли, зошто таа не оди. Ниту книга, зошто не гледа, па дојдов на идеја на сопругата Емка да и подарам албум. Мојата жена е слепа и во количка е. Кога би можел да го вратам времето и кога би знаел дека ќе ослепи и ќе биде во количка повторно би се оженил со неа, изјави тогаш Елдин.
Во април 2013 година, по неколкугодишна борба со мачната болест, Емка почина.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа