Поповолна состојбата во преработувачката индустрија, оценуваат раководителите на фирмите
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во ноември во однос на октомври годинава е повисок за 0,2 проценти, а за 4,6 проценти споредено со ноември лани, оценуваат раководителите на фирмите од оваа индустрија.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во ноември во однос на октомври годинава е поповолна, очекувањата за обемот на производство во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe речиси на еднакво ниво како и во претходниот месец.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во ноември споредено со октомври годинава е поповолна, а многу поповолна во однос на ноември лани. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември годинава изнесува 66,1 процент од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 23,3 проценти, недоволната домашна побарувачка со 21,3 проценти и недостигот на квалификувана работна сила со 15,2 проценти.
Ново на Сител
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје