Македонија
5. April 2017 - 8:19

Попоски во Стразбур на состанок на делегацијата на Европскиот парламент

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Стразбур ќе учествува на состанокот на делегацијата на Европскиот парламент во Мешовитиот парламентарен комитет Македонија - Европска Унија.

На состанокот, со кој ќе претседава словенечкиот европратеник Алојз Петерле, во присуство на известителот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл и претставник од Европската комисија, се очекува да бидат разменети мислења за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, како и за актуелни прашања поврзани со европскиот интегративен процес.

Планирано е Попоски да оствари средби со генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, како и со неколку членови на Европскиот парламент.