-->
-->
Понта: Унгарскиот ѕид е срам за Европа
-->
,Романскиот премиер Виктор Понта денеска изјави дека ставот на Унгарија во справување со бегалската криза е „антиевропски“ и „срам за Европа“.
- Засега го делам ставот, што е сличен со тој на српскиот, хрватскиот и австрискиот премиер, Европската комисија и Генералниот секретар на ОН, дека унгарското справување со кризата е неевропско и срам за Европа, изјави Понта.
Понта за изградбата на ограда на границата меѓу Унгарија и Романија, изјави дека не е во согласност со духот на Европа.
Романскиот премиер, исто така, изрази и несогласување со мешањето на Будимпешта во внатрешните политички работи во Романија.
-->
-->
-->