Полицијата заплени 88 килограми марихуана во атомобил на патот Велес-Башино Село
Секторот за внатрешни работи Велес по претходно преземени мерки и активности реализираше случај на недозволена трговија при што запленети се над 88 килограми наркотична дрога марихуана.
Како што информира МВР на 6-ти овој месец во 19:50 часот на локалниот пат Велес-Башино Село на околу 100 м пред бензинската станица било запрено патничкомоторно возило Волксваген Венто со кумановски регистарски ознаки управувано од С.А.(37) од Скопје, а сопственост на Ф.Ф. По запирањето на возилото од страна на полициски службеници на задните седишта биле забележани два куфера, а додека пак во багажниот простор на возилото, биле пронајдени три јутени торби со тревкаста материја. Од страна на полициските службеници за настанот веднаш бил известен јавен обвинител и од страна на судија за претходна постапка добиена е усна наредба за претрес на возилото.
При извршениот претрес на возилото на задното седиште во двата куфери биле пронајдени 84 најлонски пакувања со травкаста материја, а во багажниот простор во јутените торби биле пронајдени вкупно 94 пакувања со травкаста материја односно вкупно во возилото пронајдени при претрес биле 178 поголеми пакувања со травкаста материја.
По извршениот претрес извршен бил комплетен увид на местото на настанот, а пронајдените пакувања со тревкаста материја биле фотографирани и со потврда одземени од пријавениот и предадени на вештачење во Одделот за криминалистичка техника на МВР.
По завршеното вештачење утврдено е дека тревкастата материја преставува наркотична дрога марихуана во вкупно количество од 88,771 килограми.
Осомничениот С.А. бил приведен во СВР Велес и со него бил извршен разговор во кој тој појаснил дека пронајдената дрога ја земал од две засега непознати лица од Косово, и незнаејќи ја содржината на вреќите и куферите тргнал кон Гевгелија. За транспортот на пријавениот требало да му бидат исплатени според негово кажување сума од 2000-3000 евра.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот С.А. определена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Манчестер јунајтед има три победи и едно реми по отпуштањето на Тен Хаг
-
Пуштено на домашно лекување момчето тешко повредено при пукање во Арачиново
-
Само 23 отсто од Французите го поддржуваат Макрон
-
Ревија на стари автомобили се одржа во Тетово, најстар беше „Фиат“ од 1932 година
-
Релево: Реал сака да го ангажира Лапорта во зимскиот трансфер прозорец
-
САД: Државен службеник им наредил на работници да не им помагаат на гласачи на Трамп по ураган
-
Руската ПВО утринава соборила 70 украински дронови, од кои половината летале кон Москва
-
Јаневска: Науката е област на која новата Влада сериозно и се посветува