-->
-->
Полицијата упадна во спортска обложавалница - таму владел вистински хаос
-->
Гостиварчани нелегално организирале игри на среќа. Како што информираат од МВР, вчера околу 14 часот, полициски службеници од СВР Тетово-Полициска станица Гостивар извршиле контрола во спортска обложувалница во с. Градец, гостиварско, во која нелегално се приредувале игри на среќа и комар. Во обложувалницата било затекнато лицето А.Џ. (25) од с. Градец, кој бил вработен таму. Во објектот без фирма биле пронајдени и одземени девет телевизори, шест покер апарати, три компјутерски куќишта, два монитори, два читачи, четири принтери, една тастатура, четири тикети и парични средства во вкупен износ од 81.690 денари.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје
-
Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом
-
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска