Полицијата уапси повеќе лица - кај нив била пронајдена марихуана
Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Д.А.(35) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, се пронајдени и одземени едно пакување со марихуана и дигитална вага. Лицето е приведено во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера полициски службеници на СВР Тетово на 29.03.2023 околу 14.20 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Б.Б., затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Денес полициски службеници од Полициската станица Велес го лишиле од слобода М.Ѓ.(23) од Велес. При преглед кај него било пронајдено и одземено пакување марихуана. Лицето е приведено во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Вчера исто така околу 16.30 часот, на улица „107“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода 32-годишниот тетовец Л.М., како и Г.А.(24) и Д.Б.(19) од Република Албанија. При нивен преглед им била пронајдена марихуана, по што тројцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
Ново на Сител
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје