-->
-->
Полицијата уапси криминалец кој се барал со потерница за издржување казна затвор од 8 години
-->
На 16.04.2023 во 23.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(37) од село Оризаре, липковско.
Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од осум години и четири месеци за сторени кривични дела „тешки дела против општата сигурност“ по член 292, „неовластено изработување , држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 и „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пакистан ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир
-
Најмногу дожд наврна во Охрид
-
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами