Пол Макартни: „Мачеништвото“ на Ленон ме фрустрираше
Британскиот музичар и член на некогашната популарна група „Битлси“, Пол Макартни призна дека бил фрустриран со фактот дека Џон Ленон добил статус на „маченик“ откако беше убиен.
Во интервју на американското списание „Ескваер“, легендарниот музичар вели дека насилната смрт на Ленон многу тешко влијаела на него и другите членови на „Битлси“, како и врз нивната кариера.
- По распадот на бендот, прво Џорџ сними плоча, па Џон и јас, па Ринго. Бевме еднакви, вели Пол, додавајќи дека тоа се променило кога Марк Чепман пукаше во Ленон во 1980 година пред неговата згрда во Њујорк. - Кога Џон беше убиен стана маченик, како Џон Кенеди, истакна тој.
- Станав фрустриран затоа што луѓето почнаа да го поистветуваат Џон со „Битлси“, додава Макартни, напоменувајќи дека само една година порано сите четворица биле еднакви.
- Јас се уште уживам во пишување и во пеење. Што би правел? Околу мене секогаш гледам луѓе кои одат во пензија и веднаш ја фрлаат лажицата, наведе славниот музичар.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници