Подољак: Путин изгубил врска со реалноста
Денешниот говор на рускиот претседател Владимир Путин пред политичката и воената елита на земјата покажа дека тој изгубил контакт со реалноста, изјави Михајло Подољак, висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во својот говор, Путин рече дека ќе ја продолжи „специјалната воена операција“ во Украина и ја обвини НАТО алијансата предводена од САД дека го разгорува конфликтот, поттикната од нејзиното погрешно верување дека може да ја победи Москва во глобална конфронтација.
- Тој живее во сосема поинаква реалност, каде што нема можност да се води дијалог за правдата и меѓународното право“, изјави за Ројтерс Михаило Подољак, пренесува БТА.
- Русија е во ќорсокак. Во најочајната можна ситуација. Што и да направи Русија, само ќе ја влоши својата ситуација, резимира Подољак.
Тој рече дека Путин е збунет и не ја разбира ситуацијата и предвиде дека тоа ќе доведе до повеќе тешкотии за Русија во блиска иднина.
- Ова значи дека хаосот и на бојното поле и внатре во Русија ќе расте, додаде Подољак.
Ново на Сител
-

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе го одржи петтиот партиски конгрес
-

Прегазен пешак во центарот на Скопје
-

Без вода утре делови од општина Центар
-

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“, утре првични информации за причините за стомачните тегоби кај учениците
-

Казни за картелско здружување
-

Состојбата со врнежите во моментот стабилна, ЦУК апелира до возачите да имаат зимска опрема и доволно гориво ако патуваат
-

Приведени криумчари од Египет и Сирија, пронајдени десет мигранти од Кина
-

Еден војник загина и еден е сериозно повреден од експлозија на рачна граната за време на обука на грчкиот остров Родос
