-->
-->
Поднесено обвинение за внук кој си ја ограбил бабата
-->
Основното јавно обвинителство во Велес до велешкиот Основен суд поднесе обвинение против 23-годишно лице за кривично дело „разбојничка кражба“.
Обвинетиот, кој е внук на оштетената, на 9 ноември лани околу 07.30 часот, заедно со уште едно дете, влегол во куќата на бабата. Знаејќи каде ги чува парите, одзел една најлон кеса со 62.000 денари во различни апоени, 140 евра и разни документи. За тоа време детето кое било со обвинетиот стоело покрај бабата, внимавајќи таа да не зебележи што се случува. Но, откако оштетената ја видела кражбата и почнала да вика, детето почнало да ја удира. По стореното кривично дело, двајцата излегле од куќата, а одземените пари ги поделиле меѓусебно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига
-
Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата
-
Одбележување на Денот на македонските пожарникари - 20 Мај