-->
-->
Поднесена кривична пријава против поранешен инкасант од Гостивар
-->
НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Ш.(37) од Гостивар, во ЈП „Комуналец“-Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „одземање или уништување на службен печат или спис“. Пријавениот од септември 2012 до август 2014 година додека бил вработен во ЈП Комуналец при наплата на сметки за комунални услуги и вода од граѓани од Гостивар присвојувал парични средства и не вршел раздолжување во благајната на јавното претпријатие, односно сметките подоцна ги уништувал. На ваков начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 357.826 денари на штета на јавното претпријатие.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава