Подготвени сме за билатерален дијалог и взаемно прифатлив договор со Бугарија, вели Заев
„Направивме се, сработивме, ги исполнивме сите критериуми, на ред е ЕУ да испорача. Подготвени сме за билатерален дијалог и разумен и взаемно прифатлив договор во рамките на Договорот за добрососедство со Бугарија. Секако прашањата за македонскиот јазик и идентитет не се и не може да бидат на која било маса“ кажа премиерот Зоран Заев на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Скопје.
„Самитот на Европскиот совет е вистинска можност за чекор напред и за решение кое ќе ја оттргне блокадата на нашиот европски прат. За нас е многу важно што земјите членки на ЕУ, меѓу кои и Франција ги поддржуваат процесот на интеграција во ЕУ“ истакна Заев.
Премиерот, кој вчера се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон, од кого доби поддршка за започнување на преговорите за членство во ЕУ, истакна дека само дијалогот носи решенија.
„Најважното просперитетно решение за нас е решението за почеток на преговорите, одобрено од сите земји членки на ЕУ. Се бориме за иднината на земјата и ќе направиме се за неа“ истакна Заев.
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид