Поддршка од УНХЦР за УВМК со цел искоренување на бездржавјанството

Претставници на УНХЦР Скопје денеска на Управата за водење на матичните книги (УВМК) и предадоа техничка опрема со која ќе се олесни и забрза постапката на издавање изводи од матичната книга на родените и други документи од матичните книги.
Опремата, како што информираат од УНХЦР Скопје, се состои од 25 печатачи, три мултифункциски печатача, три персонални компјутера и еден преносен компјутер.
УНХЦР ја поддржува државата со цел искоренување на бездржавјанството и ризикот од бездржавјанство со сеопфатно запишување на раѓањето на сите граѓани, како и со отстранување на законските и административните пречки кои им стојат на граѓаните на патот кон добивање државјанство.
Без запишување во матичната книга на родените и без државјанство, многу лица не можат да остварат полни права како граѓани на државата, вклучувајќи образование, здравствена заштита, долгорочно вработување и други, а со тоа живеат во постојана неизвесност и страв.
При потпишувањето на договорот за соработка, директорот на Управата за водење на матичните книги Бујар Дардишта, изрази благодарност за укажаната доверба и надеж дека и во иднина ќе продолжи соработката за градење на капацитетите на службите на Управата, од што придобивки ќе имаат сите граѓани.
- Среќни сме што можеме да ѝ помогнеме на државата да го намали времето за издавање изводи од матичните книги за сите граѓани. Очекуваме дека со оваа поддршка ќе се зајакнат капацитетите на службите од матичните подрачја каде се отпочнуваат најголемиот број постапки за дополнително запишување во матичната книга на родените. Без запишување во матичната книга на родените, многу лица живеат без пристап до своите основни права, изјави Дејан Кладарин од УНХЦР Скопје.
Додаде дека во УНХЦР остануваат посветени на нивната мисија за искоренување на бездржавјанството и ги поздравуваат позитивните чекори на надлежните институции во таа насока.
Ново на Сител
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
-

Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни
-

ПМФЛ: Четврта победа на Струга на домашен терен без примен гол
-

Македонските фудбалери против Швајцарија стартуваат во ЛН
