Поддршка од Словенија за евро-атлантските интеграции на Македонија
Словенија отсекогаш давала целосна поддршка на евро-атлантските интеграции на Македонија и двете земји имаат мошне плодна соработка и одлични билатерални односи во сите области, рече министерот за одбрана Зоран Јолевски по денешната средба со словенечката министерка за одбрана Андреја Катиќ.
- Соработката во областа на одбраната е на многу високо ниво. Благодарност за целосната соработка што ја добиваме од страна на Словенија во аспирациите на Македонија да стане членка на НАТО. Многу значајно за нас е што Словенија го даде новиот шеф на канцеларијата на НАТО во Македонија, со што и понатаму ќе добиваме поддршка во оваа насока, рече Јолевски.
На средбата, како што рече Јолески, било разговарано и за безбедносната ситуација во регионот, Европа и пошироко, како и дека за мигрантската криза.
- Сите земји од регионот внимателно ги следиме настаните поврзани со мигрантската криза и ја искажавме нашата определба да разменуваме мислења, да соработуваме и координираме во справувањето со овој предизвик согласно со заклучоците на Европската Комисија од октомври минатата година, рече Јолевски.
Министерот Јолевски, исто така, изрази благодарност за поддршката од Словенија за справување со мигрантската криза и посочи дека моментално имаме осум словенечки полицајци на нашата јужна граница. Тој се заблагодари и за добиената помош за справување со последиците од поплавите во Скопје.
Двајцата министри на средбата се заложиле за понатамошно продолжување и интензивно работење на зајакнување на меѓусебната билатерална соработка.
Министерката за одбрана на Република Словенија Андреја Катиќ, по средбата се заблагодари на гостопримството и одличната досегашна соработка, како и за се што Македонија прави за справување со мигрантската криза.
- Словенија го презеде водството на Канцеларијата на НАТО и ќе продолжи со помагање на Македонија во нејзините евроатлантски интеграции. Со министерот разговаравме за конкретни проекти и соработка, како за споделување на искуства и стратешка одбрана, така и за модернизација на војската и одбраната, рече Катиќ.
Словенечката министерка за одбрана, како што е најавено, ќе биде примена и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Ново на Сител
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка