Почнува 26. „Интерфест“ во Битола
Со концерт на српскиот камерен оркестар „Св. Ѓорѓе“ од Белград и македонскиот виолинист Костадин Богданоски, вечер во Битола ќе почне 26. Интернационален фестивал на класична музика „Интерфест“.
До 12 октомври на фестивалот ќе настапат уметници од Србија, Италија, Хрватска, Португалија, Шпанија, Турција, Украина, Франција и од Македонија, а еден дисперзиран фестивалски концерт ќе се одржи и во Велес, истакна Милица Шперовиќ-Рибарски, уметнички директор на „Интерфест“.
- Камерниот оркестар „Св. Ѓорѓе“ од Белград и солистот Костадин Богданоски, виоилинист од Македонија, вечер ќе изведат дела од Барток, Сен-Санс, Бизе-Ваксма, со што „Интерфест“ свечено ќе биде отворен, а во наредните денови публиката ќе може да ги чуе младите уметници Андреј Шаклев од Македонија и Алеберто Оливо од Италија, трио Фридрих, Алесиа Мартеџиани и Маурицио ди Фулвио, исто така од Италија, како и Олександр Самојленко виолинист од Украина кој ќе настапи заедно со Туту Ајдиноглу, пијано од Турција, истакна Шперовиќ-Рибарски.
Годинава на фестивалот во Битола ќе се одржи концерт на победниците од 7. Интерфест пијано натпревар, а утревечер во 20 часот во Народниот театар во Велес ќе гостуваат дуо пијано Марко Скиаво и Серџо Маркеџиани од Италија кои ќе исполнат дела од Шуберт и Брамс.
- Во рамките на „Интерфест“ целовечерни музички рецитали ќе приредат Роберт Андрес од Португалија и Дино Имери од Македонија, а на 11 Октомври во Битолскиот Музеј ќе се одржи концерт на шпанска класична музика со Хоакин Паломарес, виолинист и Алберт Хименез, пијанист од Шпанија. Интернационалниот фестивал на класични музика „Интерфест Битола 2017“ завршува на 12 октомври со музички рецитал и Бетовенова вечер во изведба на Пјер Лоран Бушарла, пијанист од Франција, информираше Шперовиќ-Рибарски, уметнички директор на фестивалот на класична музика кој вечер почнува во Битола.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници