Почна петтото издание на „Битола Шекспир фестивал“
Со музичко-сценски колаж насловен „Шекспир колаж“, синоќа на сцената на Народниот театар од Битола свечено беше отворен петтиот интернационален „Битола Шекспир фестивал“ кој годинава ќе се одржува до 1 јули. Со оваа културна содржина започнаа активностите кои се одвиваат во рамките на најдолгото културно лето „Битфест 2017“.
Претставата „Шекспир колаж“ која е во режија на Благој Мицевски и Џон Блондел, беше одиграна како фрагментиран колаж од претстави кои се во продукција на Народниот театар од Битола и тоа: „Хенри 6 - трет дел“, „Отело“, „Ромео и Јулија“, „Сонети 1 и 2“ како и перформансот „Шекспир засекогаш“ со кој битолскиот ансамбл настапи во Санкт Петербург, Русија.
Во рамките на годинашното издание на „Битола Шекспир фестивал“, предвидени се гостувања на шест реномирани театарски куќи од Бугарија, Русија, Казахстан, Романија, Словачка и САД, како и шест претстави на театарски куќи од Република Македонија.
На фестивалската програма вечер (22 јуни) ќе биде прикажана претставата на Турскиот театар, „Отело“, во режија на Дејан Пројковски, додека утревечер (23 јуни), Драмскиот и куклен театар „Иван Радоев“ од Плевен, Бугарија, ќе ја изведе претставата „Симбелин“ во режија на Лили Абаџиева.
Програмата на јубилејното петто ред издание на „Битола Шекспир фестивал“ објавена е и на веб страницата на Европската асоцијација на Шекспир фестивали во која членуваат земји од целиот свет. Во најавата е нагласено дека идејата за создавањето на „Битола Шекспир фестивал“ потекнува од 2012 година кога Битолскиот театар со успех настапи со претставата „Хенри 6 –трет дел“ на фестивалот Глоуб то глоуб во Лондон. Покрај програмските содржини за фестивалот, објавени се и програмите на Итака Шекспир фестивалот кој во текот на јуни и јули се одржува во Србија, фестивалот во Гдањск, Полска и други фестивали.
Ново на Сител
-
Нетанјаху изјави дека граничниот премин Рафа ќе остане затворен до натамошно известување
-
Танкер натоварен со течен природен гас гори покрај брегот на Јемен, соопшти поморската мисија на ЕУ „Аспидес“
-
Граничниот премин Рафа во Газа повторно ќе биде отворен на 20 октомври, соопшти Палестинската амбасада во Египет
-
„Луфтханза“ разгледува евентуално укинување на 100 домашни летови поради високите даноци и аеродромските такси во Германија
-
Десетици илјади евакуирани на Филипините поради приближувањето на ураганот „Феншен“
-
До 15:30 часот гласале 5 385 болни или немоќни лица и 810 кои издржуваат казна затвор или притвор
-
Приведен 22-годишник, со телефон фотографирал девојка додека се туширала во студентски дом
-
Приведени три лица од Прилеп за извршување на тешка кражба на накит | ФОТО