Почина двегодишно дете донесено во тешка состојба на Детска хиругија - било позитивно на Ковид-19
Универзитетската клиника за детска хирургија до Центарот за социјални грижи и до СВР Скопје пријави случај за двегодишно дете со долга историја на болести, кое од страна на згрижувачко семејство во тешка состојба било донесено на Клиниката, каде и покрај напорите на лекарите да го спасат, починало, соопшти Министерството за здравство.
Станува збор за дете кое имало неколку тешки заболувања. Пред една година му биле направени повеќе хирушки интервенции, имало тумор на мозок, хидроцефулус и вродена непроодност на цревата. Детето имало и проблеми со срцевиот ритам, застој во растот, проблеми со дишењето.
Пред пет дена детето 15 минути пред полноќ изгладнето и дехидрирано било донесено на Клиниката за детска хирургија. Од згрижувачкото семејство на лекарите и медицинскиот персонал не им биле дадени никакви информации за здравствената состојба на детето. Немало температура но било малаксано, дехидрирано и слабо реагирало на дразби. Поради критичната состојба, лекарите веднаш пристапиле кон интензивно лекување. Лабораториските анализи покажале анемија и влошени параметри како последица на болестите кои ги имало. И покрај сета дадена терапија, состојбата на детето се влошувала. Поради ковид протоколите, на малиот пациент му бил направен ковид тест и истиот бил позитивен, информираат од Министерството.
Посочуваат дека дека починатото двегодишно дете ќе биде заведено во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња