Почина д-р Лазар Шуманов
Претседателот на Националниот комитет на ИКОМОС Македонија, д-р Лазар Шуманов.почина денеска по кратко боледување, соопштија од Националниот комитет.
Д-р Шуманов беше долгогодишен претседател на ИКОМОС-Македонија и воедно еден од неговите основачи во 1994 година. Тој го посвети целиот свој живот на заштитата на културното наследство, работејќи три децении во Републичкиот завод за заштита на културното наследство како архитект-конзерватор, а и по пензионирањето, сè до самиот крај на неговиот живот, продолжи активно да работи и придонесува во оваа сфера. Зад себе остави бројни реализирани проекти за конзервација и реставрација на недвижното културно наследство и стручни трудови, меѓу кои и значајната студија за сеизмичкото зајакнување на Византиските цркви во Македонија, за која ја доби и државната награда „Гоце Делчев“ во 2005 година.
Тој беше препознаен како врвен и ценет професионалец за заштита на културното наследство и во светски рамки, учествувајќи во бројни меѓународни проекти, а беше и член на Извршниот одбор на Меѓународниот комитет на ИКОМОС, како и на Советот на ИКРОМ.
Д-р Лазар Шуманов беше и предавач во Центарот за конзервација при Универзитетот во Јорк (каде што ја одбрани и својата докторска дисертација) и на Школата за архитектура при Универзитетот во Марсеј.
Погребот ќе се одржи утре, 10 мај 2021 год., на Градските гробишта Бутел во Скопје, во 12 часот.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево