-->
-->
Победа на Бразил, кикс на Аргентина
-->
Фудбалерите на Бразил и Уругвај забележаа победи, додека Аргентина и Чиле останаа без триумф во јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во Русија.
Бразил предводен од Нејмар славеше во дербито против Колумбија со 2-1. Со оваа победа Бразилците се искачија на второто место на табелата зад Уругвај, а поради подобрата гол разлика се пред Аргентина.
Нејмар уште еднаш го предводеше Бразил до триумф, по неговиот центаршут капитенот Миранда го отвори резултатот во втората минута. Колумбијците израмнија со авто голот на Маркињош во 36.минута. Конечниот резултат го постави Нејмар на 15 минути до крајот на мечот.
Аргентина без Меси и Кун Агуеро успеа да освои само бод кај аутсајдерот Венецуела. Домаќините стекнаа два гола предност преку Хуанпи и Мартинез, а бод за Аргентина спасија Прато и Отаменди.
Уругвај убедливо го порази Парагвај со 4-0. Два гола постигна Кавани, а по еден Рамирез и Луис Суарез.
Еквадор го запиша вториот пораз во низа во квалификациите и сега се наоѓа на четвртото место на табелата. По поразот на домашен терен од Бразил, Еквадорците загубија и во Перу со 2-1.
Табела: 1. Уругвај 16, 2. Бразил 15, 3. Аргентина 15, 4. Еквадор 13, 5. Колумбија 13, 6. Парагвај 12, 7. Чиле 11, 8. Боливија 7, 9. Перу 7, 10. Венецуела 2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година