-->
-->
ОН побара од кипарските Грци и Турци да постигнат мировен договор
-->
Советот за безбедност на ОН побара од кипарските Грци и Турци да ја „искористат сегашната можност“ од обновените преговори и да постигнат мировен договор за обединување на островот.
Во резолуцијата на СБ на ОН се поздравува напредокот во новите преговори водени од кипарскиот претседател Никос Анастасиадис и кипарскиот турски лидер Мустафа Аканџ и напорите за постигнување „сеопфатно и целосно решение“.
Советот нагласува дека сегашното статус-кво не може да продолжи. Резолуцијата го продолжи и мандатот на мировните сили на ОН во Кипар до 31 јануари 2016 година. Мисијата е составена од 1.100 луѓе распоредени на островот од 1964 година. Кипар е поделен од 1974 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје