По толку години конечно е откриена тајната - еве како настанала „Виолина и гитара“
„Виолина и гитара“ им ја донесе победата на Макфест 1996 на дебитантите Дуле и Коки во родниот Штип. Композицијата е дело на Валентино Скендеровски, а стиховите ги напиша Александар Митевски.
– Две момчиња се појавија кај мене во студио и ми се претставија како другари на сестра ми. Почнаа да раскажуваат за свирките по кафеани и прво помислив дека дошле на погрешно место. Кога прифатив да работам со нив, знаев дека текстот треба да биде наменски. Нумерата немавме намера да ја пријавиме на „Макфест“, ама си реков, децата се од Штип, може нешто и ќе направат – раскажа Скендеровски.
„Виолина и гитара“ е првиот текст од перото на Александар Митевски. Го напишал во такси враќајќи се дома по една од многуте свирки на Дуле и Коки на кои редовно присуствувал.
– Во тоа време бевме најдобри другари. Не пропуштав нивен настап и постојано бевме заедно. Сленговите во текстот намерно ги оставив за поавтентично да ги пренесам емоциите, иако ни замери и тогашниот уметнички директор на „Макфест“, Славе Димитров – откри Митевски.
Извор: Женски магазин
Ново на Сител
-

Обама: Убиството на Прети е повик за будење за секој Американец
-

Германија против Данска во дербито на денот на ЕХФ Еуро 2026
-

Најмалку седум лица загинаа во зимската бура што ги погоди САД
-

Хрватска државјанка осомничена за семејно насилство во Кавадарци
-

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“
-

Исланд со осум голови разлика ѝ го нанесе првиот пораз на Шведска
-

Наполи убедливо поразен од Јувентус, Елмас одигра 70 минути
-

Србија европски првак во ватерполо
