-->
-->
Платила 5.000 денари за дрва, но не и ги донеле - измамена 67-годишна кумановка
-->
Шеесет и седумгодишна кумановка била измамена за пет илјади денари за набавка на огревно дрво, соопшти денеска СВР Куманово. Таа ги платила дрвата, но лицето не ѝ ги донело.
– Денеска во 10:30 часот во СВР Куманово 67-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 5.000 денари. Според пријавеното, откако лицето ѝ понудило огревно дрво и таа му ги платила парите, тоа заминало за наводно да ги донесе дрвата, но не се вратило, соопшти кумановската полиција.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд