Планирал со ракета да ја разнесе Белата куќа: Уапсен опасен екстремист кој сакал да ја разнесе и Статуата на слободата
Оперативци на Федералното биро за истраги (ФБИ) синоќа задржале осомничен од сојузната држава Џорџија за кој се вели дека подготвувал напад на Белата куќа и други објекти, јави „Eј-Би-Си“.
Како што соопшти телевизијата, обвиненија за подготовка на напади биле дадени на 21 годишниот Хашер Џалал Тахи кој бил упасен во рамките на истрага на ФБИ која траела од март 2018 година, кога имало дојава до полицијата од соседите дека осомничениот се радикализирал и се приклонил кон џихадизмот.
Од ФБИ сметаат дека тој планирал да изврши напад на Белата куќа, на Статуата на слободата во Њујорк, како и на споменикот на Вашингтон и момериалот на Линколн во главниот град на САД.
Се прецизира дека осомничеиот не знаел како да ја нападне Белата куќа и тој не поседувал оружје и експлозиви. Тој бил задржан кога купувал оружје од еден од агентите на ФБИ кој работел под прикриен идентитет.
Хашер се обидел да го замени својот автомобил за антитенковска ракета и експлозив.
Лани во ноемри имаше дојава дека во Белата куќа била испратена бомба, но подоцна се дозна дека информацијата била лажна.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците