Петмина повредени во сообраќајка кај селото Мартолци
Пет лица се повредени во сообраќајката кај село Мартолци, општина Чашка.
– Во 19:15 часот во СВР Велес била пријавена сообраќајка, која вечерва се случи кај село Мартолци во Општина Чашка. Во сообраќајката има петмина повредени, возачите на двете возила и тројца сопатници од возилото „пежо“. Сообраќајката била меѓу возило „матиз“ со охридски регистрески таблички, управувано од 29-годишниот Н.К. од Општина Чашка и возило „пежо“ управувано од Н.Д. од село Богомила, информира за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Повредените се префрлени во возило на Брза помош за укажување на лекарска помош. Од Брзата помош за МИА информираат дека нивната медицинска екипа се уште не е вратена од терен.
Портпаролот Самарџиев појасни дека увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Велес.
Ново на Сител
-
Ѓорги Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“