-->
-->
Петков: Најверојатно ќе побараме исклучок од санкциите против Русија за увоз на нафта и гас
-->
Бугарија, која ги поддржува санкциите против Русија како средство за запирање на руската инвазија на Украина, најверојатно ќе бара исклучок од забраната за увоз на руски природен гас и нафта доколку се даде таков предлог. Ова за Ројтерс го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков, пренесоа бугарските медиуми.
Бугарија ќе ги поддржи сите видови мерки бидејќи е против војната, освен двете мерки за увоз на нафта и гас… Бугарија во моментов нема алтернативи, земјата е премногу зависна, рече Петков јави дописникот на МИА од Софија.
„Ние целосно го поддржуваме украинскиот народ, го поддржавме првиот пакет санкции, отворени сме и за други санкции, само овие две санкции би било тешко да се прифатат, и како економија и како земја“, додаде Петков.
Во врска со бегалците кои доаѓаат од Украина, бугарскиот премиер изјави дека владата во Софија направила план да прими околу 50.000 луѓе, што ќе чини околу милион евра дневно за храна и засолниште.
Петков рече дека Бугарија произведува повеќе од 7 милиони тони пченица годишно и не планира да го забрани извозот на пченица
Бугарија ја задржува целта за влез во еврозоната во 2024 година, изјави премиерот Кирил Петков.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода