Loading Video...
Фудбал
11. December 2018 - 15:08

Пет тима во игра за три слободни места за осминафиналето во Лигата на шампиони

Денеска и утре ќе се играат натпреварите од последното 6.коло во групната фаза во Лигата на шампионите по што ќе бидат познати и сите шеснаесет тима кои ќе играат во нокаут фазата.
 
Во првата половина од групите (А..Д), чии дуели се играат денеска, остануваат уште три празни места за пласман во осминафиналната рунда. 
 
Во Б групата, Барселона е веќе сигурна, а Тотенхем и Интер кои имаат по 7 бодови ќе се борат за втората позиција. Во поповолна ситуација е Интер кој исто така има 7 бодови, а вечерва пред својата публика го пречекува ПСВ, додека Тотенхем ќе гостува на „Камп Ноу“. Во случај двата тима да завршат со ист број на бодови, англискиот претставник ќе се пласира во нокаут фазата
 
Во групата Ц дири три тима се во трка за двете позиции кои носат настап на пролет. 
 
Дербито е на „Енфилд“’ каде Ливерпул го пречекува Наполи, во ситуација во која англискиот тим има 6 бодови, а италијанскиот дури 9, па само победа ги носи „црвените“ во следната фаза. 
 
Затоа пак ПСЖ може и со еден бод на гостувањето во Белград кај Црвена Звезда да обезбеди осминафинале. 
 
А, во него од А групата патници се Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд, додека од Д групата Порто и Шалке.