Песков: Нема промена во режимот на специјалната воена операција во Украина
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека сè уште не е донесена одлука за промена на режимот на специјалната воена операција во Украина, пренесе Бета.
Песков ги коментираше извештаите за претстојната промена на режимот на специјалната воена операција во Украина во режим на антитерористичка операција, за која денеска пишуваа некои руски недржавни медиуми. -Тоа е целосно привилегија на врховниот командант и претседател на државата. До денеска такви одлуки не се донесени, одговори Песков. Портпаролот на Кремљ, исто така, ги демантираше извештаите за подготовка на претседателско обраќање во кое се најавува промена на статусот на специјалната воена операција.
-Не, нема да биде, тоа е лажна вест, рече Песков. Песков оцени дека коментарите на функционер на Пентагон дека Украина може да ја користи опремата што ја добива од САД за напади врз цели на Крим се крајно опасни. Коментарите на Лора Купер, заменик-помошник секретар на Пентагон за руски, украински и евроазиски прашања, се „исклучително опасни“ и „доказ за директно вмешаност на САД во конфликтот“, додаде Песков.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло