Македонија
17. јуни 2021 - 17:29

Пензионерка истепана и ограбена во нејзиниот дом во Скопје

Пензионерка од Скопје била нападната од двајца разбојници во нејзиниот дом, информира МВР.

„На 16.06.2021 во 07:40 часот во СВР Скопје, 83-годишната И.Л. од Скопје пријавила дека две лица во нејзината куќа на подрачјето на Влае физички ја нападнале со тврд предмет, при што ѝ одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.