Пентагон: Американските и руските пилоти имаа триминутен тест на безбедносните протоколи
Пентагон соопшти дека денешното заедничко дејствување меѓу американските и руските авиони над Сирија не е воена вежба туку триминутен тест на неодамна договорените протоколи за безбедност.
Претходно, началникот на Главната оперативна управа на рускиот Генералштаб, генерал-полковник Андреј Картаполов изјави дека руски и американски воени пилоти имаа воена вежба над Сирија, во која учествуваа пилотите од Центарот за стратешки воздушни операции на американската армија во Катар и од Командниот центар на руската авијација на руската авиобаза Хмејмим во Сирија.
- Екипажите на авионите на руското военовоздухопловство и на меѓународната коалиција летаа на минимално безопасно растојание од околу 5,5 километри во специјални избрана зона, договорија меѓусебна комуникација, како и размена на информации за параметрите на летовите на руски и на англиски јазик, наведе Картаполов.
Тој додаде и дека е договорена директна врска меѓу командните центри.
САД и Русија минатиот месец договорија мерки за безбедност со цел да се избегнат судири над Сирија за време на паралелните воздушни кампањи.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ