Партијата на пензионерите бара за три месеци да се одложи предлог Законот за трговија на зелените пазари
Партијата на пензионери (ПП), иако ја подржува основната цел во законска рамка да се уредат сите прашања со кои се прецизираат условите и начинот на вршење на трговијата на зелените пазари во Република Македонија, правата и обврските на трговците и организаторите на зелените пазари, искажува загриженост и резерви во врска со Член 7 став 2 од Предлог законот за трговија на зелените пазари, со кој помеѓу субјектите кои не може да вршат трговија како „трговец на зелени пазари“ се опфатени и физички лица кои остваруваат приходи по основ на пензија. Имено, во Предлог законот, не е предвидена законска можност, дури и пензионери кои имаат сопствено земјоделско или друго производство, да можат вишоците да ги продаваат, со што истите се оневозможени и со плаќање на другите давачки и даноци, да го подобрат својот и семејниот стандард.
Поаѓајќи од фактот дека со примена на овој член од законот можат да бидат засегнати поголем број на граѓани, како и дека тоа може да предизвика загрозување на нивниот материјален и социјален статус, Партијата на пензионери смета дека е потребно да се одложи неговата примена за најмалку три (3) месеци, со цел да се изнајде решение кое нема да ги загрози основните цели на Законот, а истовремено ќе ги обезбеди и нивните права.
Поткрепа и основа на ваквиот став Партијата на пензионери наоѓа во Уставот на Република Македонија во кој е регулирано правото на секој граѓанин да работи и под еднакви услови да му е достапно секое работно место, во врска со што, а со цел законско уредување на правото на работа по остварување на право на пензија, претставник на партијата ќе поднесе иницијатива за изменување на членот 148 став 1 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Ново на Сител
-
Сончево и топло со температури до 36 степени
-
Украинско МО: Моментално на територијата на Украина има околу 700.000 руски војници
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути, на ГП Богородица до еден час
-
Вучиќ: Европскиот олош кој дојде да ја урива државава ќе биде процесуиран
-
Трамп потпиша наредба за преименување на Министерството за одбрана во Министерство за војна
-
Ново Грен слем финале Синер – Алкараз
-
Собрание: На 10 септември седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР и надзорна посета во просториите на АНБ
-
ОЈО ГОКК биле во АНБ