Парис Хилтон го најави својот биографски документарец
Парис Хилтон го најави својот нов, биографски документарец под наслов „Ова е Парис“, во видеоврска во „Шоуто на Џими Кимел“.
– Никој не знае кој сум, всушност. Има работи од моето детство за коишто никогаш не сум разговарала со никого. Сè уште имам кошмари од тоа!, вели жената која „на црвениот тепих“ е најпозната како наследничка на дедо ѝ – хотелиерот Конрад Хилтон.
Парис натаму не сакаше да навлегува во подробности околу содржината на документарниот филм
– Возбудена сум, но исто така, сум и многу нервозна… Знаете, со оглед на темите во овој филм за коишто порано не сум разговарала – навистина лични и трауматски искуства. Значи, да се зборува за тоа јавно е очигледно многу тешко, вели таа.
Филмот излегува на 14 септември на Јутјуб-каналот на Парис Хилтон.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости