Папата ја прифати оставката на бискупот кој прикриваше злоставувања
Ватикан соопшти дека папата Франциск ја прифатил оставката на бискупот Ричард Џ. Малоун од Бафало во државата Њујорк, кој беше во центарот на скандалот околу сексуални злоставувања во својата бискупија.
Како што се наведува, папата го именуваше албанскиот бискуп Едвард Шарфенбергер да управува со бискупијата на градот Бафало до поставување на нов бискуп.
Малоун (73), кој повеќе години беше под притисок да ја напушти должноста, се повлече две години пред редовното пензионирање.
Бискупот, кој минатиот месец се сретна со папата, е обвинет за прикривање или погрешно постапување во случаите со злоставување десетина малолетници, извршени од страна на свештеници во неговата бискупија.
Малоун ги отфрлаше обвинувњата и до неодамна зборуваше дека нема намера порано да замине од должноста.
Во анкетата која во септември ја спроведе локалниот весник „Бафало њуз“, 85 отсто католици се изјасниле дека Малоун треба да го напушти местото бискуп.
Ново на Сител
-
Захарова: САД нема да можат да ја избегнат одговорноста за нападите врз Русија со американско оружје
-
Решенијата за проблемите во АД Пошта се бараат со помирувач определен од МТСП
-
Собранието ја почна втората седница
-
Додека јадела ја тепал па ја задушил, внук ја убил својата баба
-
Гаши се поправи: Мојата татковина е Северна Македонија
-
Бајден денеска во Париз ќе се сретне со Зеленски
-
Приведен Косовец за поткуп на Долно Блаце
-
Пријави за змии во дворови на болница и факултет во Скопје