Паника во Нов Зеланд: Недостига сперма
Недостигот на сперма станува голем проблем за новозеландските двојки и жени кои по пат на вештачко оплодување со помош на донатори сакаат да имаат дете, пишува Гардијан.
Една жена од Нов Зеланд рече дека се шокирала кога одлучила да забремени по пат на вештачко оплодување со помош на донатор и дознала дека списокот на чекање на сперма е долг две години. Жената изјави дека сепак ќе чека на донатор, но во меѓувреме секако ќе се обиде да забремени по природен пат.
Проблемот со дефицит на сперма го потврди и докторката Мариј Бирдсел од клиниката „Fertility Associates“, специјализирана за вештачко оплодување и донирање сперма. Брисал наведе дека проблемите со недостиг на донатори почнале од 2004 година со измените на законот и дека имаат се помалку донатори откако не им било овозможено анонимост и финансиски надомест.
Освен тоа што разни компании се уште не пронаоѓаат доволно донатори, од клиниката размислуваат за увозот на сперма од другите земји.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци