Палестинците со остри критики на најавата на САД за преместување на амбасадата во Ерусалим
Палестинските автономни власту денеска остро ја критикуваше најавата дека САД ќе ја преместат својата Амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим во мај годинава.
Тоа е „провокација за Арапите, муслиманите и христијаните. Со таквото решение, администрацијата на Доналд Трамп се изолира целосно и станува дел проблемот, а не од решението", изјави за АФП вториот човек во Палестинската ослободителна организација (ПЛО), Саеб Ерекат.
Набил Абу Рудејна, близок соработник на палестинскиот претседател Махмуд Абас, изјави дека преместувањето на Амбасадата на САД „не значи ништо друго освен уништување на израелско-палестинскиот мирен процес".
Неименуван претставник на американската Администрација денеска изјави дека во текот на мај годинава се очекува САД „да ја отворат својата Амбасада во Ерусалим“.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор